Автономните возила пред истите предизвици како и нивните претходници пред еден век

Истата дебата која се води денес за безбедноста на автономните возила; за опасностите и несреќите околу нив, беше тема на разгледување и пред еден век. Тогаш како и сега, секоја незгода на возилата беше под лупа на медиумите и луѓето. Иако традиционалниот превоз беше барем подеднакво опасен.

Луѓето навикнати на запрежни коли, коњи и кочии не обрнуваа внимание на овие незгоди со таквиот превоз, но првите незгоди на автомобилите и црковните ѕвона ѕвонеа во Мемфис; црни знамиња беа развиорени во Детроит; а споменици од камен се подигнати во Балтимор.

„Коњите, кочиите, трамваи, возови, можат да се судрат и да го убијат половина свет, на никој нема да му биде грижа. Но ако автомобил изгребе некој бездомник или удри пијан амал кој заборавил да го вклучи светлото и веднаш ги обвинуваме автомобилите.“, пренесува The Economist, преземајќи статија на италијански весник од 1912.

Слична е ситуацијата и денес. Незгодите на автоматскиот пилот се главна тема во весниците, иако секојдневно има сообраќајни незгоди предизвикани од луѓе со обичните автомобили. Google засега е единствена компанија која ги споделува вестите за незгодите.

Секако дел од инфраструктурата ќе мора да се промени, патиштата да се прилагодат на новите возила, инфраструктурата да се прошири, како што се планира со 5G и слично, работи кои што и со обичните автомобили биле предизвик во тоа време, а сега бензинска покрај пат е и повеќе од очекувано нешто. Ова ќе чини пари, но патишата и градовите ќе мора да се подготват за новата генерација на превоз, а ако учиме од историјата, која некои велат дека се повторува, автономните возила се тука да останат и да бидат дел од нашето секојдневие. Можеби и поседувањето на автомобили тогаш ќе престане?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии