Автономните возила на Uber се далеку од реалност

По 32.566 минати километри во една недела ги имаме и првите бројки на Uber автономните возила. Бројот на возила кои тестираат е во постојан пораст, а последната недела 43 возила биле на улиците.

Ова е само втор пат компанијата да помине 20.000 „автономни“ милји на патиштата во една недела. Според првите бројки компанијата превезува нешто над 1.100 патници без возач. Возилата мора да имаат и имаат возач кој може да ја преземе контролата во случај на проблем. Засега на возилата возачот им е потребен често. На помалку од 1.5 километри возилото има барем една интервенција од возачот.

Uber го мери напредокот во три точки, вели Recode, кој имаше можност да го разгледа интерниот документ на Uber.

  • Просечен број на километри помеѓу две преземања на контролата на возачот
  • Просечен број на километри помеѓу критични преземања на контролата на возилото. Ова се километри помеѓу две преземања на контролата кои може да бидат фатални; на пример, удар на пешаци или уништување на материјално добро.
  • Автономно помината должина помеѓу непријатни запирања. Ова се однесува на должина помеѓу запирања кои не се опасни, но се непријатни за патниците.

Во просек возилата на Uber имаат потреба од преземање на контрола на секои 1.26 километри (0.8 милји). Ова е пораст во однос на јануари, кога возачите ја преземаа контролата на 0.9 милји. Сепак бројот на извозени километри е сè уште мал, па возачите можеби се среќаваат со нова средина. Сепак по најважната метрика – запирањата поради критични интервенции, резултатите се менуваат во вистинска насока. Компанијата има значителен пораст на автономни километри во последниот период. Бројката порасна на околу 300 километри, иако во последните 2 месеци има подобри и полоши недели. Променливоста во резултатите можеби е поврзана со додавање на тест оддел во Аризона.

Можеби и не би требале да ги споредуваме возилата на Uber со Waymo на Google. Google своите возила ги тестира од 2009, а Uber само што започнува. Првите резултати од автономните возила не ни беа достапни за преглед.