Автономните возила ќе учат да возат на улиците на Лос Сантос во GTA 5

DeepDrive проектот на Крег Куитер ќе им овозможи на автономните возила да експериментираат со возилата во видео игрите. Прва игра која го овозможува ова е Grand Theft Auto V, јави TechCrunch. Тренингот во GTA е овозможен од поодамна, но сега со OpenAI е далеку поедноставно.

OpenAI Universe е проект стар една година и овозможува користење на Flash игри и симулации во прелистувач. Проектот е поддржан од Илон Маск и Сем Алтман.

Тренирањето на вештачката интелигенција ќе овозможи тестирање во безбедни услови. Сепак моделот кој ќе биде тестиран е модифицирана верзија на играта. Играчите нема да можат да бидат насилни. Кодот за верзијата е јавно достапен и може да биде преземен. Корисниците кои ќе го преземат потребниот софтвер ќе можат да се приклучат и да ѝ помогнат на вештачката интелигенција да го разбере сообраќајот. Симулациите се клучни за развој на вештачката интелигенција и најчесто тренирањето е многу посложено од возење во обичната Grand Theft Auto.

Ова секако е поради тоа што возeњето на патишата е далеку посложено. Сепак GTA V е  поблиску до реалноста од Flash игрите кои се користат за тестирање и тренирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии