Автономниот Ford доаѓа во 2021, но возилото изгледа подготвено и денес

Ford најави дека ќе започне со масовно производство на автономни возила до 2021. Сепак прототипот на компанијата се чини сосем способен да вози на улиците уште денес. Ford започна со тестови на возилото, а неодамна го поканија Venturebeat да им се приклучат во возењето.

Автомобилот е изработен со посебно внимание на безбедноста. Така автономното возило чека подолго на раскрсниците, иако зеленото светло е вклучено. Во текот на возењето, автономниот Ford во целост ги почитува правилата на патот. На пример, автомобилот застанува кога трепкаат семафорите, иако ова не го прави ниту еден возач.

„Ова возило има четврто ниво на автономија. Ова значи дека може да влезете во возилото од паркингот во вашиот дом, и ќе ве однесе на посакуваната дестинација.“

Возилото кое Ford ќе го издаде во 2021 ќе биде со исто ниво на автономија, но без волан и педали. Со оглед на тоа дека станува збор за прототип и безбедноста сè уште е прашање, воланот и педалите мора да бидат присутни како мерка на безбедност. Возачот може да преземе контрола во секое време, а возилото врз основа на овие податоци ќе стане попаметно во иднина. Сепак, финалното возило ќе биде без овие делови и најверојатно ќе биде со сосем различен ентериер.

Можеби најголема опасност за автономните возила во идина нема да биде технологијата, туку несовесните возачи. Иако непредвидливоста на луѓето во автомобилите секако ќе предизвика да поголема опасност, отколку возила кои се во целост управувани од вештачка интелигенција и алгоритми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии