Автономниот автомобил на Google препознава полициски возила

Паметните возила на Google ќе ги препознаваат полициските возила, возилата на пожарната и на брзата помош. Ова го покажува патентот кој го сподели Next Web.

По препознавањето на возилата, автономното возило ќе постапи во согласност со законите во државата. Вообичаено ова значи дека возилото мора веднаш да застане. Засега Google има дозвола да тестира единствено во САД, но според договорот кој го потпиша компанијата со американската Агенцијата за транспорт и патишта, се согласија да ги исплатат штетите од прекршоците, наместо сопствениците на возилата.

Препознавањето на возилата на итните служби е прилично едноставно. Сензорите на возилото можат да ги детектираат светлосните сигнали на полицијата, брзата помош или на пожарната. Потоа возилото веднаш ќе застане.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии