Автономниот автобус на Mercedes-Benz помина 20 километри

Јавниот превоз без возачи е поблиску отколку што изгледа. Холандскиот CityPilot го тестираше автономниот автобус на Mercedes, а во првиот тест автобусот помина 20 километри од амстердамскиот аеродромот Шипол, до најблискиот град Харлем, јави TechCrunch.

Можеби рутата изгледа куса, но не е без предизвици. Во текот на возењето автобусот самостојно мораше да помине низ тунели, да застане на раскрсници и семафори, и се разбира во текот на целото возење да ги избегнува пешаците. Ова е голем исчекор за Mercedes кој пред неколку години започна да ја разгледува идејата за роботи-возачи.

Целиот напор кој компанијата го вложи во дизајнирањето на автономното патничко возило е искористен и во автобусот на иднината. Удобни седишта, повеќе простор за секој патник, прави автобусот да изгледа не само удобно, туку и попривлечно за возење. Намалениот број на седиштата можеби ја намалува основната улога на автобусот, но без сомневање повеќе патници ќе сакаат да се возат со футуристичкиот автобус, отколку со сегашните автобуси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии