Автономен минибус ќе пренесува повеќе помали возила за испорка

Image courtesy of Continental

Можете ли да го замислите ова. Автономен минибус застанува, а од него излегуваат неколку роботи-кучиња-поштари кои се упатуваат кои дестинациите на пратките. Ова е визијата на испораката која Continental ја претстави на CES.

Со овој начин на достава ќе се овозможи релативни поевтин и побрз транспорт. Минибусот ќе вози по улиците, а кога ќе стигне на локација на која има повеќе пратки ќе застане и помалите роботи ќе излезат и ќе ги однесат производите. Помалите роботи полесно се движат по тротоари, ходници, скали и со ова е овозможена испорака до врата, пренесе Digital Trends.

За првиот дел од испораката се користи прилагодено Continental Urban moBility Experience возило. Оригиналната верзија на минибусот е наменета за пренос на патници.

Досега сме виделе и сличен концепт на достава со дронови. Камионот се движи по улица, а на кровот е дронот кој чека штом стигнат на најповолно растојание полетува и ги испорачува производите. Засега и двете испораки се некаков концепт кој би можел да се користи во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии