Автоматско празнење на Recycle Bin

Корпата за отпадоци или Recycle Bin е задолжителна дестинација во ситуации кога нешто сте избришале, а подоцна сте се предомислиле. Но, што доколку не сакате работите да се праќаат во Recycle Bin, а потоа рачно да ги отстранувате со десен клик, па Empty Recycle Bin. Занемарете ја оваа процедура доволно долго и лесно ќе ја пренатрупате корпата со непотребни фајлови.

Она што обично се препорачува е да го држите копчето shift додека притискате delete. На тој начин се заобиколува Recycle Bin и фајлот неповратно се губи, под услов да не користите посебен програм за враќање на избришани податоци. Shift+ Delete знае да биде корисно, но крајно нефлексибилно решение. Во случај да сакате да ги проширите правилата за автоматизирано бришење потребно е да го инсталирате програмот Auto Recycle Bin.

Auto Recycle Bin ја чисти корпата со отпадоци во зависност од претходно-одредени правила. Пример, може да избрише фајлови само откако одредено време поминало. Или, прво да ги брише поголемите фајлови, а подоцна помалите. Auto Recycle Bin може да ја прилагоди големината на корпата во зависност од тоа колку слободен простор имате на хард дискот. Паралелно со ова, можете да подесите да се избришат фајловите и со секое покренување на оперативниот систем.

Она што програмот не може да ви каже е кои се кратенките кои едноставно морате да ги знаете или пак кои се најдобрите бесплатни програми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии