Автоматско копирање на USB, со USB Capture

Мартин Јованчевски

во Совети

USB Capture е алатка која е исклучително корисна доколку имате потреба од автоматизиран бекап на содржините кои се наоѓаат на вашите USB стикови. Откако ќе го инсталирате програмот, USB Capture ќе се вдоми во позадина и тивко ќе си седи се додека не приклучите USB стик во компјутерот. Во моментот кога ќе детектира USB, алатката започнува со инстантно копирање на секој фајл и фолдер и тоа на претходно-одреден локален фолдер кој се наоѓа во хард дискот од вашиот компјутер, без да ја загрозува структурата и поставеноста на податоците. Параноичните и лудо љубопитните би можеле дополнително да бидат импресионирани од алатката, особено доколку некое трето лице реши да приклучи нивно USB на вашиот компјутер.

Исто така, можете да наместете програмот да игнорира одреден драјв така што нема да започнува автоматско копирање кога ќе го прочита името на USB-то.

USB Capture можеби е бесплатен за користење, но не доаѓа со кориснички интерфејс и за да го оспособите автоматскиот бекап потребно е внимателно да ги следите упатствата приложени со компресираниот фајл. Имено, потребно е да го копирате фолдерот USBCaptureSvc во C:\, потоа, да го отворите фолдерот, десен клик на install.bat, па Run as administrator. Почекајте неколку секунди за да процесот започне, а потоа исклучете го прозорецот со команди. Откако ова ќе го направите, сè што ви останува е да приклучите USB и да почекате неколку минути за да проверите дали содржините ќе бидат копирани во C:\USBCaptureSvc\USB-COPIED\ фолдерот. За да го деактивирате USB Capture десен клик на uninstall.bat, па Run as administrator.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии