Автоматско исклучување на Windows

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Командата "shutdown" претставува корисна команда кај Windows оперативните системи која овозможува исклучување на Вашиот компјутер во зададен временски интервал. Обично кога само командата "shutdown" ќе биде извршена, системот реагира со одлогирање на корисникот, но доколку командата биде извршена со дополнителни парамтери, ќе можете да ја конфигурирате на разни начини.

Синтакса:
shutdown [ {-l| -s| -r| -a}] [-f] [-mm[\ИмеНаКомпјутер]] [-t xx] [-c "порака"]

Објаснување на парамтерите:

-l Служи за одлогирање на корисникот
-s Го исклучува локалниот компутер
-r Го рестартира системот по исклучување
-a Служи за прекинување на дадените параметри како и целосната команда
-f Ги исклучува сите извршени апликации
-m [\ИмеНаКомпјутер] Го определува компјутерот кој сакате да го исклучите
-t xx Задава временски интервал за исклучување на компјутерот. Зададеното подесување е на 20 секунди.
-с "порака" Користете го овој параметар доколку сакате да напишете порака која ќе биде дел од Shutdown прозорецот. Максимум до 127 карактери.

Пример:
За да го исклучите компјутерот \ITcommk за 60 секунди, да ги исклучите сите присутни апликации и да го рестартирате компјутерот по исклучувањето, командата би изгледала вака:

shutdown -r -f -m \ITcommk -t 60

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии