Автоматска транскрипција помеѓу сите учесници во разговор со Group Transcribe

За време на одредени состаноци, интервјуа или разговори транскципцијата знае да биде исклучително корисна. Неместо постојано „фаќање“ белешки или снимање на целиот разговор од едно лице, Group Transcribe врши транскрипција во реално време директно до телефоните на учесниците во разговорот.

Паралелно со ова, можете да повикувате и други луѓе да се приклучат на состанокот и да бидат вклучени во транскрипцијата преку споделување (QR) код. Целата транскрипција може да биде сочувана доколку се јави некоја идна потреба за неа. Истата може да биде и споделена со кого било.

Group Transcribe препознава и преведува разговори во 37 јазици и особено се истакнува како корисна и за оние лица кои не слушаат добро. Инаку, оваа апликација произлегува од Microsoft Garage, оддел од компанијата во која вработените си работат на лични проекти.

1 коментар на “Автоматска транскрипција помеѓу сите учесници во разговор со Group Transcribe

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии