Автоматска конверзија на валути со Currency Converter

Кога купувате од најразлични продавници од светот, цените кои обично се сервираат се во нивната прифатлива валута, која обично е или долари, или фунти, или евра. Но, што доколку не сакате постојано да се мачите со конвертирање на нивните валути?

Одредени екстензии автоматски ги конвертираат валутите во онаа валута која вас највеќе ви одговара. Процесот со Chrome Currency Converter е автоматски, брз и безболен и, доколку сакате, можете да наместите сите цени, независно од нивната стандардна валута, автоматски да бидат конвертирани и прикажани во денари. Поддржани се над 160 валути од целиот свет, а за подобар увид, можете да наместите да стои и оригиналната цена (таквото нешто се прикажува во загради, веднаш до конвертираната валута). Па така, за игра која чини 10 долари информацијата ја добивате во следниот формат: Price: 556.72 MKD ($10).

Currency Converter е за Chrome и можете да ја преземете од тука. Во случај да барате слична алтернатива за вашиот Firefox прелистувач, можете да ја проверите екстензијата Direct Currency Converter.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии