Автоматизирајте одредени акции со NewFileGo

Стотици фолдери, илјадници фајлови, секојдневни интеракции со нив. Само уште кога би имало некој да го надгледува сево ова и да презема одредени акции кога нешто ќе се случи со фолдерот. NewFileGo е интересна алатка која го прави токму тоа и е особено корисна доколку сакате нешто автоматизирано да стапи на сила секојпат кога ќе вметнете нов фајл во фолдер или пак кога ќе направите промена на веќе постоечки. На пример, NewFileGo може да направи бекап на сите фотографии кога ќе ги префрлите во вашиот компјутер или пак автоматски да го отвори Downloads фолдерот секојпат кога некој фајл ќе се појави таму.

NewFileGo функционира само за Windows 8 и Windows 10. Можете да го преземете од тука. По преземање и покренување на алатката, ќе се појави празен прозорец со опцијата Add new Watcher. Ова ви помага да одберете некој фолдер кој ќе биде набљудуван. При секоја промена со фолдерот, можете да наместите да се активира одредена акција. Да кажеме дека сакаме да се отвори Downloads фолдерот секојпат кога ќе се преземе некој фајл. Кликнете на иконата со фолдерот, па од ново-отворениот прозорец, изберете ја папката која сакате да ја набљудувате. За најдобро извршување одредени команди, можете да пробате рачно да ги вметнете во соодветното поле. Па така, за File Explorer автоматски отвора фолдер кој, во овој случај е, Downloads, потребно е да се внесе следната команда: explorer/n,C:\Users\username\Downloads.

Почна да звучи комплицирано, нели? Во случај да првпат се сретнувате со команди од ваков калибар, би можеле огромна помош и темелна листа да добиете од водичот на Winaero, достапен тука! Независно од командата, секојпат кога ќе внесете некоја по првпат, ќе биде потребно да ја активирате. За таквото нешто десен клик на истата и изберете ја опцијата Enable/Disable. Кога иконата е во боја, тоа значи дека командата е активна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии