Автоматизирајте ги вашите рутини преку Workflow за iOS

Workflow е ексклузивна апликација за Apple и, во поглед на функционалноста, е доста слична со апликацијата IF by IFTTT.

Како и со IF, Workflow ја препорачуваме на корисници кои сакаат поголемиот дел од нивните рутински активности да бидат автоматизирани. На пример, секој пат кога ќе сликате три слики, можете да зададете сликите автоматски да се конвертираат во GIF и да се споделат преку Twitter или некоја друга друштвена мрежа. Со овозможување екстензии, имате можност да креирате PDF документ преку прелистувачот Safari, да поставите гласовни потсетници во Evernote или да поставите фотографија на Dropbox заедно со линк за понатамошно споделување. Комбинациите се бројни и покрај понудените 200 акции можете и самите лесно да креирате и комбинирате со влечење и пуштање акции во листата.

composer

За секоја прилагодена серија од акции, или Workflows, постои опција да се прикажуваат и активираат како апликации. Додатно, истите се прилагодуваат и во поглед на боја и икона. Workflow е одлична алатка за вашата iнаправа, а доколку барате солидна алтернатива за android направите, прочитајте и за IF by IFTTT.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии