Автобусите во Скопје ќе се следат со GPS, и ќе имаат електронски билети

Град Скопје започна со проектот, вреден 3 милиони евра, да ги автоматизира наплатите во јавните автобуси. Сега ќе има три типа на електронски картички кои ќе служат како билети, и кои ќе се поминуваат на електронскиот читач закачен на вратите на автобусите. Најавено е дека со овој нов систем ќе се овозможи и купувања на билети и преку мобилен телефон, a ќе бидат поставени и автономни апарати каде граѓаните ќе можат да си ги дополнуваат картичките, покрај 61-но место низ градот каде што ќе може да се купат.

Но, можеби поинтересна вест е што се воведува систем за автоматска локација на автобусите. ЈСП Скопје во секое време би требало да знае каде се автобусите, а со тоа се отвара и можност за креирање апликации кои информираат за колку време ќе пристигне автобусот на одредена станица, и кој автобус.

Се планира 500 автобуси, 384 на ЈСП и 116 на приватните превозници, да го добијат GPS системот и уредите за електронска наплата. Ќе се постават и 50-тина информациони панели кои ќе ги информираат граѓаните за пристугнувањата на автобусите.

1 коментар на “Автобусите во Скопје ќе се следат со GPS, и ќе имаат електронски билети

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии