Авто-пилотот на Tesla предвиде сообраќајна незгода неколку секунди претходно

Видео објавено на YouTube на 27 декември од страна на холанѓанецот Ханс Нордсиџ, кое е всушност снимка од камерата во неговото возило, прикажува како авто-пилотот во автомобилот Tesla Model S предвидува сообраќајна несреќа и кочи пред самиот возач да притисне на кочниците.

На видеото се слуша како авто-пилотот реагира и го предупредува возачот неколку секунди пред да се случи несреќата, детектирајќи го кочењето на возилата пред него.

Според информациите објавени од медиумите и споделени од возачот Ханс Нордсиџ, сите инволвирани се во ред и покрај тоа што едно од возилата комплетно се превртува.

Возилото на Tesla, Model S, има асистивен систем за кочење и избегнување незгоди кој се вклучува преку автоматско кочење со цел избегнување на фронтален судир. Самиот систем се гаси во моментот кога возачот ќе го преземе кочењето со притискање на кочницата, а моделот X на Tesla покрај овој систем, има и вграден систем за избегнување на странични незгоди.

Ваквите слични системи се исто присутни и во поновите возила на производители како Volvo, Volkswagen, Renault, Toyota, Subaru, Skoda, Renault, Peugeot, но голем дел од нив реагираат само со ограничена брзина на возилото до 40-50 km/час…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии