Австрискиот производител Noctua, ги претстави најтивките и најмоќните вентилатори

Над четири години развој и 200 прототипи и беа потребни на Noctua да ги претстави најдобрите вентилатори за компјутери. Новата серија е најтивка и најцврста досега, а компанијата ги претстави на Computex.

Најважен елемент во новата серија на вентилатори е самиот материјал од кои се изработени. За разлика од најголем дел од останатите  вентилатори кои се изработени од пластика, Noctua овие вентилатори ги изработи од нов вид пластика стерокс (sterrox). Новиот кристален полимер овозможува креирање на покрути вентилатори. Сепак помал дел од вентилаторите се изработени од овој материјал кој значително ја зголемува цената.

За разлика од пластичните вентилатори, перките од стерокс не се издолжуваат и по подолг период. Ова овозможува намалување на воздушниот зјај помеѓу вентилаторот и ладилникот. Една од придобивките е помало растурање на воздухот, а со тоа и поефикасно ладење. Поради ова вентилаторот од 120 mm може да замени вентилатор од 140 mm. Вентилаторот има одлични карактеристики под товар. Според Noctua ова е единствената карактеристика која е важна за вентилаторите.

Засега нема податоци за цената. Според основните податоци кои ги сподели компанијата, PC World проценува дека вентилаторот во продажба би можел да достигне до 80 долари.

1 коментар на “Австрискиот производител Noctua, ги претстави најтивките и најмоќните вентилатори

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии