Австралиските интернет корисници го победија законот

На 6-ти јануари државата Јужна Австралија воведе закон со кој се забранува анонимнo политичко коментирање. Законот не ги опфаќаше магазините и весниците, туку беше свртен кон блогерите и тие што коментираат. Интересно, законот го опфаќа и Twitter на кој австралискиот премиер има профил преку кој „ги споделува своите политички пораки.“ пушува AdelaideNow, веб медиум кој нуди форум за дискусија на дневните вести.

AdelaideNow заедно со австралиската блогерска заедница остро го искритикува законот тагирајќи го како „закон против слободата на говор“ и велејќи дека Австралија се ближи кон гледиштата на Кина, земја која има врши строга контрола на интернетот. И претходно пишувавме дека Австралија се обидува да го цензурира интернетот воведувајќи филтри за содржина.

Една од интересните случки повржани со законот за анонимното коментирање е кога јавниот обвинител на Јужна Австралија, Мајкл Аткинсон кој го подржува законот, отиде на радио и рече:

„Еве ви пример: на AdeLaideNow редовно коментира Арон Форнарино од Западен Крајдон. Оваа личност не постои. Тоа име е измислено од Либералната партија да шири либерални коментари.“

Но, се чини дека јавниот обвинител Аткинсон згрешил. AdalaideNow објави слика од Арон Форнарино, млад студент, кој за да биде иронијата поголема живее на 500 метри од канцеларијата на обвинителот. Веднаш потоа следеше извинување од г-дин. Аткинсон, а австралискиот премиер го искористи Twitter за да информира дека „Ние ве слушнавме. Нема да има политичка цензура на интернет“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии