Австралија со забрана за ZTE и Huawei за изградба на 5G инфраструктура

Дејан Соколоски

во Свет

Image courtesy of Huawei

По САД и Британија кои ги отстранија ZTE и Huawei од можноста за градење на мобилната инфраструктура, истото го направи и Австралија. Австралија им забрани на двете кинески компании да продaваат 5G технологија.

Huawei се најголем производител на телеком опрема. Сепак поради страв од опасност по национална безбедност, неколку држави нема да користат опрема од овој производител. Интересно е што сегашната опрема и опремата од минатите 15 години во мрежата во Австралија доаѓа токму од Huawei.

Стравувањата се дека преку уредите и мрежата на Huawei, Кина ќе може да ги шпионира државите во кои операторот инсталирал опрема. За опасностите на хардвер кој има „заден влез“ објавуваше Едвард Сноуден. Секако доколку кинеските служби успеале да ги натераат производителите или да се инфилтрираат во постројките, опасноста е голема.


Новата 5G технологија треба да ги донесе потребниот проток и стабилност за следната генерација на платформи. Поради овие предности ќе најде поширока примена. Една од технологиите за кои сега наголемо се зборува e како автономните возила се директно зависни од имплементацијата на 5G мрежите. Дополнително, тука се и интернет на нештата, паметните градови, постојана поврзаност, проширената реалност. Поради ова не само Европа, САД и азиските лидери се заинтересирани за што поскоро неодложно имплементирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии