Австралија ќе го тестира првиот самоодржлив град

Група развивачи од Австралија сака да го изгради првиот „Tesla град“. Локацијата за оваа помала населба е во Мелбурн на брегот на реката Јара, по која го носи името YarraBend.

Tesla-Town-YarraBend-Australia-1-1020x610

Плановите се по завршувањето да има 2.500 куќи и апартмани, но засега се започнува скромно со 60 куќи. Секоја од куќите ќе доаѓа со сончев кров и Tesla Powerwall, ова ќе овозможи производство на доволно електрична енергија за возилата бесплатно да можат да се полнат. Технологијата во куќите ќе овозможи и трошење на 43 отсто помалку вода и дури 80 отсто помалку ѓубре, вели Cleantechnica.

Изработувач на куќите е компанијата Glenvill, а освен куп зелена технологија во куќите, целата населба доаѓа со доволно полначи за електрични возила, енергетски ефикасни светилки и уреди. Населбата е пример за град на иднината, а сите куќи се поврзани со апликација која ги известува за превозот, настани за заедницата, можности за споделување на превоз и друштвени настани. Се разбира сите куќи и целата населба имаат обезбеден широкопојасен интернет.

Првите 60 куќи се веќе во продажба, а цената за куќа е од 1,48 до 2,1 милиони  долари. Овие куќи ќе бидат завршени и нивните сопственици ќе можат да се вселат во 2017 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии