АВРМ и Семос Едукација со јавен повик за бесплатни обуки за ИТ вештини за невработени лица

Започна пријавувањето за бесплатни обуки наменети за сите невработени лица кои се заинтересирани за стекнување напредни вештини од областа на информатиката. Проектот е организиран Агенција за вработување на Р.Македонија во соработка со Семос Едукација, кој се јавува како спроведувач на обуките.

Сите заинтересирани може да аплицираат за учество за еден од следните програмски пакети: ORACLE – официјална обука за Java SE8 Programmer или ISTQB – официјална обука за тестери за квалитет на софтвер.

Критериуми кои треба да ги задоволуваат кандидатите се; да имаат минимум завршено средно образование и да бидат евидентирани како невработени лица без разлика на нивната возраст. За разлика од претходните обуки, оваа година не постојат старосни ограничувања, ќе може да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите.

Заинтересираните кандидати може да се пријават во канцелариите на Агенција за вработување на Р.Македонија, a огласот ќе биде отворен сè додека целосно не се пополни предвидениот број на кандидати.

Обуките ќе се спроведуваат во период од 3 до 6 месеци вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признаен сертификат.

Повеќе информации за јавниот повик, критериумите за избор, начинот на спроведување на обуките и постапката за аплицирање прочитајте на официјалната веб-страница на АВРМ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии