AVG ќе ги продава податоците на корисниците

Доколку го користите антивирусот AVG за да се заштитите од злонамерен софтвер, сега може да е вистинскиот момент да го промените антивирусот. Чешката компанија на видео на својот YouTube канал објави кои податоци ги собираа и кои ги споделуваат за заработка. Антивирусот е бесплатен, па продажбата на податоците е еден од начините на монетаризација на софтверот.

Податоците AVG ги има од своите корисници опфаќаат: име, адреса, имејл адреса, телефон, број на SIM картичка, IP адреса, ID на уредот, локација и податоци за платежните картички. Се разбира овие податоци не се споделуваат без дозвола за корисниците, но сите останати податоци кои не се лични се споделуваат, велат во видеото кое навистина јасно ги објаснува што прави AVG со личните податоци на корисникот.

AVG е трет провајдер по големина на антивирус софтвер, зад: Microsoft и Avast, а нивната објава е значајна, пред се поради тоа што сите останати компании кои ги продаваат податоците на корисницте, најчесто ова го кријат подлабоко во EULA, вели Independent.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии