Autonomo е нов концепт за следната генерација на автомобили, развиен од студентот Чарлс Ратрај, студент по дизајн од Мелбурн, Австралија кој својата инспирација за овој проект ја добил откако пет години живеел во Лос Анџелес и постојано имал проблеми со метеж во сообраќајот.

Autonomo е автомобил за едно лице, опремен со сензори за препознавање на објекти и ги следи принципите на една посебна научна гранка од роботиката која е наречена “swarm robotics” која ја обработува темата на координација на системи составени од поголем број на роботи и процесите при колективното однесување на роботите. Инспирацијата за формирање на оваа област во роботиката потекнува од инсектите и птиците и нивното колективно движење и однесување.

Според истражувањата кои ги цитра магазинот Wired до 2030 година 60% од светското население ќе живее во градови и ќе управува со над два милијарди автомобили, справувајќи се со дневните гужви и проблеми во сообраќајот. кои дополнително ја влошуваат состојбата на постојните еколошки, финансиски и општествени проблеми.

Иако Autonomo е само идеја и проект на еден обичен студент, сепак оваа област не им е непозната на големите производители на автомобили како General Motors и Volkswagen кои имаат создадено и инвестирано во слични истражувања и проекти. Но сепак, досега Чарлс не е контактиран од никоја од овие компании за посериозни разговори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии