Autodesk претстави платформа за 3Д принтање

Најголемиот креатор на софтвер за 3Д моделирање, Autodesk, влегува во хардвер пазарот со цел да го револуционизира 3Д печатењето. Компанијата објави дека наскоро доаѓаат два нови производи под нивниот бренд отворена платформа – Spark и 3Д-принтер произведен од Autodesk. Spark ќе биде отворена софтверска платформа која ќе овозможи подоверливо и едноставно печатење на 3Д модели. Софтверот ќе биде достапен на сите производители кои се заинтерсирани. Првенствено ќе биде наменет на дизајнери на продукти, производители на хардвер, развивачи на софтвер и научници кои ќе работат со најразлични материјали, јавува Wired.

„Светот само што започнува да го разбира потенцијалот на адитивното производство, а со Spark се надеваме дека ќе биде можно многу повеќе луѓе да го вклучат 3Д печатењето во производствениот процес“, вели Autodesk на својот блог.

Дизајнот на принтерот исто така ќе и биде бесплатно достапен на јавноста, но и на останатите производители за да се дозволи дополнителен развој и експериментирање. Според плановите принтерот ќе печати користејќи најразлични материјали кои ќе доаѓаат и од Autodesk, но и од други најразлични производители. Карл Бас, извршниот директор на Autodesk го спореди Spark со првиот Nexus уред на Google, продукт кој ќе ги инспирира останатите да инсталираат Android на своите телефони. Идејата е слична Spark да стане „default“ оперативен систем за 3Д-принтање.

„3Д-печатењето ќе овозможи да креираме најразлични предмети кои ги правиме и денес подобро, а и да креираме најразлични работи кои сè уште не сме ги ни замислиле“, вели г. Бас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии