Autodesk креира 3д модел на USS Iowa со помош на дронови

Креирањето на 3д модел не е едноставно ниту за мали предмети. Предметот се поставува во соба или простор и околу него се движат ласери кои ја снимаат секоја точка. Но што ако објектот кој сакаме да го рекреираме е поголем од собата, или од куќа?

Токму со ваков проблем се соочија во Autodesk кога требаше да креираат 3Д модел од дел на USS Iowa. Моделот ќе се користи понатаму за виртуелното искуство кое се подготвува за бродот. Стануваше збор за топовската батерија на бродот која прво е огромна, и второ никој нема да ја премести.

Скенирањето е толкав предизвик што на него работеа тимови и експерти од Carahsoft, Autodesk, HTS Advanced Solutions, Sierra Skyworks, Nvidia и Unreal. За целиот проект беа искористени 3 FARO скенери 6 DJI дронови. Сепак за сите кои учествуваа во скенирањето му пријдоа на целиот проект како демонстрација за можностите на оваа технологија, вели ZDNet.

1 коментар на “Autodesk креира 3д модел на USS Iowa со помош на дронови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии