{mosimage}Европската Комисија, поточно телото на комисијата наречено Article 29 Working Party вчера објави мислење (препорака) од 29 страни во кое се тврди дека интернет пребарувачите немаат право да ги чуваат информациите за корисниците повеќе од 6 месеци бидејќи со таков начин на работа директно наштетуваат на корисничката приватност.

Прочитај повеќе

Пред неколку дена во американскиот весник The Sun беше објавен текст за Крис Кларк, компјутерски програмер кој пред 14 години го купил доменот Pizza.com за само 20 US долари a по неколку години и многу неуспешни обиди да направи нешто вредно со него, во петокот го продал за неверојатна сума од 2,6 милиони US долари.

Прочитај повеќе

{mosimage}Кинеските власти викендов дозволија пристап до англиската верзија на онлајн енциклопедијата Wikipedia. Блокирањето на содржините сепак не е целосно отстрането и текстовите за Тибет и слични политички теми се недостапни за пребарување. Пристапот до кинеската верзија на енциклопедијата и понатаму останува недостапен.

Прочитај повеќе

{mosimage}VoIPShield Laboratories открија повеќе од стотина сигурносни слабости и ранливости во VoIP (Voice over IP) системите на големите компании: Avaya, Cisco и Nortel. Со вакви ранливости во VoIP системите, хакерите можат да ги злоупотребат и искористат слабите VoIP системи како на пример за уценување преку услугата, индустриска шпиунажа преку снимање на разговори или крадење на […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Арангел Ангов исто така познат како "Ufo" помеѓу членовите на Linux заедницата во Македонија, вчера на својот блог објави пост во кој ги повикува сите оние кои можат да помогнат со превод од англиски на македонски да се приклучат во проектот чија цел е да се изврши локализација на Ubuntu – популарна дистрибуција на Linux […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Криминалните активности на интернет во последната година, според истражувањето "Internet Crime Report 2007" кое се однесува на пријави базирани во САД, спроведено од Crime Complaint Center (IC3)  и ФБИ покажува загуби од сајбер криминал од околу 239 милиони американски долари, сума за 40 милиони поголема од онаа во претходната година.

Прочитај повеќе

{mosimage}Брачен пар од Питсбург, САД поднесе тужба против гигантот Google тврдејќи дека преку објавување на снимки од нивната куќа во Google Earth и Street View апликациите, компанијата им ја има нарушено нивната приватност. Тужбата беше поднесена во среда, а брачниот пар Боринг изјави дека и повеќе од јасно е дека им се нарушени правата.

Прочитај повеќе

{mosimage}Microsoft во соопштение објавено вчера изјави дека планира во вторникот, 8 Април, да објави 8 нови закрпи за својот софтвер. Според системот за рангирање на компанијата, 5 од нив се "критични" додека 3 се рангирани како "важни". Закрпите се однесуваат на Microsoft Office апликациите, Windows и Internet Explorer.

Прочитај повеќе

{mosimage}Неочекувано од McAfee – експеримент наречен The S.P.A.M. кој ќе трае еден месец во кој група на 50 доброволци од 10 земји ќе земат активно учество, односно ќе бидат спамирани секој ден и ќе ги блогираат своите искуства со цел да ја прикажат вистинската опасност која може да произлезе од спамот.

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера во вечерните часови Apple објави 11 QuickTime закрпи за двете верзии – и за Windows и за Mac оперативните системи. Компанијата истакнa дека само 2 од грешките би можеле да дозволат на хакери да извршат напад врз корисничкиот компјутер, а другите не биле толку сериозни.

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера компанијата Intel ги објави своите нови "Aтом" процесори кои главно се планирани да се користат во мобилни интернет уреди (џебни компјутери). Чиповите беа објавени во Шангај за време на настанот "Intel Developer Forum". Проектот кој до сега носеше кодирано име "Silverthorne" е успешно завршен со објавување на пет варијанти на процесори.

Прочитај повеќе

{mosimage}На сите ни е преку глава од здодевните муабети од типот: "за HDR слика ти е потребен ваков, не, не, таков фотоапарат", "ти треба трипод" и слични дребулии. Од друга страна пак, ги мразиме здодевните фотографии кои изгледаат безнадежно во споредба со професионалните. Со следнава "тајна" ќе можете да скокнете еден чекор напред и да […]

Прочитај повеќе