Компанијата Meshin деновиве претстави нова алатка за пребарување, дизајнирана за повеќе да наликува на персонален асистент отколку на стандарден plug-in. Новата алатка, која го носи истото име, Meshin, користи семантички технологии со цел да собере информации преку нивното значење и контекстот во кој се наоѓаат, наместо стандардниот пристап на користење клучни зборови и метаподатоци. Со тоа, Meshin станува прва „комерцијална“ алатка која ги користи семантичките технологии за пребарување низ електронската пошта, RSS каналите и информациите од социјалните мрежи во електронските пораки.

Прочитај повеќе

Проблемот со кој Вебот (WWW) моментално се соочува е непостоењето на механизам за едноставно и ефикасно конзумирање на релевантни вести, информации и податоци од огромниот број на информации кои се присутни на Вебот и чиј број секојдневно расте. Начинот на кој Google ни ги нуди релевантните резултати од пребарувањата не може да го одржи темпото со растечкиот број на страни и податоци на Интернет.

Прочитај повеќе