Гејмерите го губат трпението со подолгите игри, беше заклучокот на дискусијата во рамките на Develop 2011. На конференцијата, пренесува gamespot.com, се одржа сесија со девлоперите Чарлс Сесил (Broken Sword),  Адриан Хон (Six to Start), Алексис Кенеди (Fail Better), Патрик О’Луанаг (nDreams) и писателот Давид Варела кои дискутираa за должината на ААА наративните игри, како пример […]

Прочитај повеќе

Летото е вистинско славје за гиковите како мене. Имаме премиери на филмови, куп нови игри, Е3 и еден од најголемите настани секое лето Comic Con. Оваа година се одржува од 21 до 24 Јули. Конвенцијата е воспоставена од Шел Дорф во 1970 година под името Golden State Comic-Minicon и од 1991 се одржува во San […]

Прочитај повеќе

Таман ќе помислам дека во Холивуд го направиле најглупавиот можен потег,oд ЛА веќе стигаат деманти. Според Hollywood reporter, продуцентите Лоренцо ди Бонавентура и  Гиги Притзкер решија да направат филм според аркадната игра од осумдесетите Space Invaders. Ова секако не е прв филм кој ќе се прави според видео игра, меѓутоа тоталниот недостиг на приказна во […]

Прочитај повеќе

На последниот Е3 големото трио Microsoft, Sony и Nintendo објавија податок дека имаат пораст на играчи од женската популација. И ако пред десетина години гејмингот можеше да се смета за „машки“ спорт, според изложените информации на пресовите на „големата тројка“ 40% од играчите сега се девојки. И покрај тоа што свој дел во порастот на […]

Прочитај повеќе

Со зголемување на бројот на ММО игри кои го менуваат начинот на претплата, бесплатните ММО престанаа да бидат ексклузивитет на азиските дизајнери и издавачи на игри и станаа модел прифатен од западните студија. Сепак, иако со заеднички бизнис модел, азискитe и западните игри се разликуваат суштински, од начинот на добивање на нивоа до фактот тоа што азиските игри главно се повеќе конкурентни, оријентирани кон играч против играч (PvP) содржини.

Прочитај повеќе

Најиграниот ММORPG наслов World of Warcraft реши, заедно со новите содржини од 4.2.0, да објави бесконечен пробен период за новите играчи. Најверојатно мотивирани од скорешното менување на моделот на плаќање на Age of Conan, Team Fortress 2 како и најавата на Valve за нова „бесплатна“ ММО (се шпекулира дека можеби станува збор за DOTA 2), Blizzard на новите корисници им овозможуваат проба на играта до 20 ниво во неограничен временски период.Тој период до сега беше ограничен само на 14 дена, додека сега играчите ќе можат да си направат неколку карактера. 

Прочитај повеќе

Во последниве неколку месеци се хакнати неколку милиони профили на онлајн гејмери, PSN, Bethseda, Codemasters, а минатата недела се украдео податоци на 1.3 милиони корисници на SEGA. И покрај тоа што вината за овие пробивања никако не е кај корисниците, овој текст е за мерките кои можат за ги предземат играчите на MMO игри за посигурно играње.

Прочитај повеќе

Lulz Security, или Lulzsec, се појавија во мај и веднаш станаа хипер активни. За разлика од нивните поозбилни колеги Anonymous, Lulzsec немаат ама никаква агенда. Не знам дали како помлади им било ускратено играњето онлине или се неверојатно неуспешни при играње онлајн, ама Lulzsec ја започнаа својата кампања главно со DDoS напади и тоа врз страните и форумите на повеќе производители на игри и на неколку сервери на онлајн игри.

Прочитај повеќе

E3 Expo 2011 продолжува со презентациите на Ubisoft кои го вратија Rayman, следени од Sony кои се извинуваа за хакнувањата на Playstation Network, но и го претставија новиот контролер Move, и следени од Nintendo кои исто така, покрај нови наслови, го претставија својот нов контролер Nintendo WII U. Ви ги претставувам најинтересните моменти од презентациите.

Прочитај повеќе

По конференцијата на Microsoft следеше EA Games, со оглед на тоа дека издавачите на игри имаат и своја играчка програма која се одржува посебно овие пресови и не се премногу атрактивни за разлика од презентацијата на игрите преку играње. Конференцијата ја водеше Peter Moore од EA Games кој се трудеше да биде порелаксиран од презентерите на Microsoft. Оваа година презентираа 9 игри за кој очекуваат голем успех.

Прочитај повеќе

Конечно започна најголемиот саем на видео игри годинава – Е3 expo 2011. Годинава прес конференциите можете да ги следите истовремено со присутните во халата на некои од медиумските партнерите на Е3. Закажана за 18:30 прес конференцијата не доцнеше ни една минута. На самиот почеток беше презентирана Call of Duty: Modern Warfare 3.

Прочитај повеќе

Следната недела започнува најголемиот саем на конзоли и видео игри Electronic Entertainment Expo или Е3. И покрај постоењето на неколку други поголеми саеми за видео игри Е3 се смета за најголем и највлијателен саем за видео игри, конзоли и опрема поврзана со видео игри. Саемот прв пат е одржан 1995, од тогаш до сега се одржува секоја година на крајот на Мај или почетокот на јуни во L.A. Convention Center. Годинава се одржува од 6-9 јуни, а програмата започнува на 6 јуни со пресконференција на Microsoft.

Прочитај повеќе