Фиктивни аудио подкасти кои го заслужуваат вашето внимание

во Веб

Аудио книгите се одлично помагало при извршување монотони, а со тоа и здодевни активности, или пак за мулти-таскерите се плус начин за како да завршат уште една работа во исто време. Аудио книги со бројни професионални актери кои позајмуваат гласови на ликовите, во комбинација со соодветни аудио ефекти е уште подобро!

Земете ја за пример која било аудио книга од издавачката куќа Graphic Audio. Разбирливо, ваквите книги се скапи и доколку не сте во можност да трошите пари на нив, побарајте спас во слични, специјализирани подкасти кои стануваат се популарни со времето. Чисто за пример, подкастот Archive 81 и неговите 10 епизоди го достигнаа 25-то место на iTunes и, четири месеци по првичната објава во април, сѐ уште доминираат на листата „New and Noteworthy“.

Archive 81 е напната хорор драма и очаен повик за помош да се откријат тајните за архивата 81 која како да го голтнала аудио архиварот Daniel Powell. Популарноста на Archive 81 придонесе до појавување на уште еден подкаст од истиот тим, овој пат со научно-фантастични примеси. The Deep Vault се одвива низ постапокалиптичните Соединети Држави, а првата од седумте предвидени епизоди веќе е излезена! Може да ја преслушате директно на сајтот или преку iTunes. Новите епизоди излегуваат секоја втора среда и особено ги препорачуваме на љубителите на Fallout серијалот.

Во случај уште да сте “гладни” за уметност во ваква форма, почестете се и со некој од следниве подкасти:

  • Документарната драма за паранормален истражувач – The Black Tapes
  • Терапевт за пациенти за паранормални способности – The Bright Sessions
  • Приказна за медитативно бегство од ментална институција – Within the Wires

Пријатно слушање!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk