Audi E-Tron е автомобилот на идната

Дејан Соколоски

во Вести

Куп електроника, од камери наместо ретровизори, до дисплеј таблети се одлика на новиот електричен автомобил на Audi.

Теренското возило Audi E-Tron доаѓа со камери наместо ретровизори. Камерите може да се поместат, но и да се зголеми и намали зумот. Потоа наместо надвор, сликата се прикажува на OLED дисплеј внатре, на вратата, веднаш под камерата. Камерите и дисплејот се вклучени постојано и во реално време ја пренесуваат состојбата на патот.

Еден од недостатоците на технологијата е што има далеку повеќе простор за расипување за разлика од традиционалното огледало кое е составено од едвај неколку делови.

Заменувањето на поголемите огледала со малечки камери носи предност и кога отпорот на воздухот е во прашање. Поради ова Tesla уште во 2013 година ги отстрани ретровизорите од Model X, вели Electrek.

Цената на E-Tron ќе биде околу 89 000 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии