Audi, BMW и Daimler ги купуваат мапите на Nokia за 2,8 милијарди евра

Германските производители на автомобили Audi, BMW и Daimler ќе бидат новите сопственици на Nokia Here мапите. Поранешниот финиски производител на паметни телефони подолго време се обидува да пронајде купец за Nokia мапите, а според BBC, германските производители понудиле 2,8 милијарди евра.

Се чини дека кога се во прашање Here единствено е променет сопственикот. Локацискиот сервис ќе се развива како и досега, но со помош на новите сопственици кои се обврзаа да инвестираат во дополнителни податоци. „За автомобилската иднустрија ова е основа за системите за асистирање и за конечното решение – автономно возило“, велат од конзорциумот.

Партнерството помеѓу производителите на автомобили и сервисите кои креираат мапи се чини природно и од нив најмногу ќе профитираат возачите. Apple и Google имаат споствени мапи кои ги имплементираат во сопствените CarPlay и Android Auto, но барем за сега дел од производителите не сакаат да се обврзат на овие две платформи, а дел од податоците од мапите се потребни за нивните истражувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии