AT&T и Cisco со заеднички сили

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Најголемиот телеком во САД AT&T и еден од најуспешните произведувачи на мрежна опрема Cisco денеска изјавија дека ќе ги здружат своите сили и ќе започнат со продавање на високо квалитетен систем за видео конференции. Деталите околу финансиската спогодба не беа јавно објавени, но беше истакнато дека со продажбите се очекува да се започне при крајот на оваа година.

Системот за видео конференции TelePresence беше создаден од Cisco во 2006 година и досега неговата достапност беше ограничена само за одреден број на светски познати компании.

Овој напреден систем за видео конференции овозможува видео разговор преку 65 инчни HD екрани и системи за лесно и едноставно повикување. TelePresence е телекомуникациски систем кој е препорачлив за користење во големи компании и корпорации.

{mosimage}

Една од причините зошто се препорачува за ваков вид на компании е таа што системот е далеку од евтин, само за пример моделот TelePresence 3000 кој се продава во вид на мала соба за конференции со три HD екрани, системи за повикување и вклучена техничка поддршка има цена од околу 300,000 US долари.

Во цената не е вклучена големата потрошувачка на bandwidth која е потребна за овозможување на видео конференција која во некои случаи може да достигне цена и до неколку илјади долари.

Започнувајќи од втората половина на 2008 година, двете компании заеднички ќе го претставуваат TelePresence во 23 земји ширум светот, додека во 2009 година бројот на земји се очекува значајно да се зголеми. Во оваа заедничка акција ќе биде претставен и TelePresence 1000 модел кој ќе биде поевтин и ќе вклучува само еден HD екран.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии