Атрактивни говорници го потврдија своето учество на Втората годишна конференција за е-трговија

Дека македонците се заинтересирани за надградување на своите познавања од областа на електронската трговија, говори фактот дека првите карти за Втората конференција за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, пуштени во продажба по Super Early Bird цена, беа распродадени уште во првите 10 дена. Во моментов во продажба се пуштени Early Bird картите, кои исто така се во ограничени количини и со промотивна цена од 79 евра (+ДДВ).

Во фокусот на Втората годишна конференција за е-трговија на тема „Бизнис раст со е-трговија“, која ќе се одржи на 25 октомври во DoubleTree by Hilton, Скопје, ќе бидат актуелните маркетинг алатки за успешно водење на електронските продавници и техниките за стигнување до „новите потрошувачи“.

На конференцијата свои воведни обраќања во контекст на развојот на е-трговијата во земјата ќе имаат Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и Ѓоко Танасoски, директор на Царинската управа.

Покрај висококвалитетната програма на конференцијата, дополнителен интерес поттикнуваат атрактивните говорници кои веќе го потврдија своето учество. Една од нив е Кендис Нот Бисек, која моментално работи во UNCAD при Обединетите Нации, водејќи ја иницијатива наречена „eTrade for Women“, која има за цел да го поттикне учеството на жените во дигиталното претприемништво во земјите во развој.

Маркетинг консултантот, Петер Месарек, кој има повеќе од 15 години искуство во онлајн маркетингот, со специфичен фокус на SEO и има неколку признанија за најдобар конференциски говорник, е уште еден од учесниците на настанот.

Причина плус зошто треба да се присуствува на конференцијата за е-трговија е и Рок Храстник, меѓународен e-Commerce Growth лидер со богата историја на развивање на бизниси за е-трговија во Европа, вклучувајќи ја Studio Moderna чиј бизнис за е-трговија е присутен на 22 пазари низ Централна и Источна Европа.

Oд домашните искусни говорници Огнен Огненовски, кој е еден од основачите на Таргет Груп – првата бонитетна куќа во државата со најголема приватна база на податоци и Сергеј Зафировски, основач и извршен менаџер на Инсајдер ИД – агенција за квантитативни бизнис истражувања и напредна бизнис аналитика, ќе имаме прилика да ја слушнеме ексклузивната анализа на тема „Колку тежи е-трговијата во Северна Македонија“.

Дополнително, Горјан Јовановски, кој е кај нас е познат како активист за чист воздух и креатор на  апликацијата „МојВоздух“, ќе зборува за тоа како компаниите можат да ја зголемат е-продажбата со употреба на А/Б тестирање и ќе го сподели своето искуство од Booking.com каде работи како софтверски инженер и тим лидер.

Од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ветуваат уште побогата програма со говорници кои дополнително ќе бидат најавени во месецот кој следи, а велат дека целата идеја за конференцијата е поттикната од потребата за раст на пазарот на е-трговија во земјата заснован на квалитет наспроти квантитет. Имено, според Народната Банка на Република Северна Македонија, во 2018-та година биле отворени 100 е-продавници, додека до крајот на оваа година се очекува да бидат отворени уште 150 нови. Дополнително, податоците говорат дека во текот на минатата година Македонците потрошиле 134 милиони евра за онлајн плаќања со платежни картички.

Конференцијата е поддржана од Mastercard како генерален партнер, Vip, Haselt и Halk Bank како златни партнери, Sport M како сребрен спонзор и многу други партнери и поддржувачи.

Повеќе информации за агендата и говорниците на официјалниот сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии