Atlassian со Stride ќе се обиде да му конкурира на Slack

Нов месец, нов конкурент за Slack, а овој пат платформата доаѓа од Atlassian. Доколку ви е познато името, компанијата е креатор на повеќе софтвери за соработка од која најпознат е Trello. Она што најверојатно најмногу ги радува креаторите на Slack е што секој нов софтвер го споредуваме токму со нивниот.

Stride е со иста намена како и Slack. Платформа за споделување на пораки и фајлови помеѓу луѓе од иста компанија или луѓе кои работат на ист проект. Како и Slack, и Stride овозможува размена на пораките на повеќе платформи. Софтверот има десктоп, мобилна и веб апликација.

Новата апликација има неколку интересни функционалности кои повеќе се удобни отколку што се неопходни. Пример, во тек на видео разговор корисниците можат да преземат контрола врз компјутерите на соговорниците, вели Next Web. Или во самиот разговор, некои од текст-пораките можат да се означат како одлуки. Потоа може да се референцира до истите или да се препраќаат.

Една од функционалностите која ќе помогне за поголема продуктивност е можноста за „фокус“. Ова на корисникот му овозможува „слобода“ од нотификации за некој период. На крајот корисникот ќе добие рекапитулација на настаните и пораките додека не бил присутен.

Што се однесува до монетаризацијата на производот, Stride е фримиум. Софтверот може да се користи бесплатно и тоа за помалите компании е и повеќе од доволно. Со овој модел може да се испраќаат до 25.000 пораки и 5 GB фајлови. За месечна претплата од 3 долари по корисник се отстрануваат овие ограничувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии