Atlassian и Slack се здружија за подобра услуга

Дејан Соколоски

во Вести

Кога започнаа можеби и немаа премногу конкуренција, но во последниов период Slack го чувствува притисокот од конкурентите. Поради ова два конкуренти Atlassian и Slack пронајдоа заеднички јазик за стратешко партнерство.

Atlassian ќе инвестира и ќе биде сопственик на помал дел од Slack. Дополнително компанијата ќе ги префрли HipChat и Stride во Slack. Следните три години Slack ќе ги исплаќа овие сервиси, јави Bloomberg.

Договорот е добар и за двете компании. Slack ќе добие нови корисници, а Atlassian ќе ги замени не баш конкурентните сервиси, за сервис кои e и подобар и поконкурентен.

„Луѓето ги сакаат најдобрите алатки да ја завршат својата работа, поради ова милиони луѓе ги користат и Atlassian и Slack. Ова стратешко партнерство меѓу нас ја зајакнува нашата заложба за интероперабилност и клиентот-е-прв филозофија. Веруваме дека ова партнерство е најдобриот начин да ја унапредиме нашата мисија да го ослободиме потенцијалот на секој тим. Тоа ќе ни овозможи да го подобриме нашиот фокус во други области, вклучувајќи проширување на нашите понуди за технички и ИТ тимовите“, вели Џоф Родбурн од Atlassian.

Atlassian е сопственик на Trello, BitBucket, JIRA и Confluence. Може да очекуваме дека овие сервиси ќе имаат подобра интеграција со Slack во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии