Атланта цел на ransomware напад

Градските власти во Атланта конечно може да продолжат да го користат своите компјутери, јави Atlanta Business Chronicle.

Пет дена компјутерите беа надвор од дофат на вработените. Причината за ова е најголемиот сајбер напад во градот. Десктоп и лаптоп компјутерите беа во опасност од ransomware. За да се сопре ширењето на малициозниот софтвер беа изганати сите системи.

Ниту Wi-Fi мрежите на аеродромот, ниту автобускиот превоз и купувањето карти онлајн не беа поштедени од прекинот. Ова секако важеше за јавните мрежи кои се под градските власти.

„Потписот“ на нападот не е нов. Станува збор за треплива гупа хакери кои внимателно ги одбираат своите цели. По одбирање на целта, жртвата може единствено да ги најде своите фајлови заклучени во единствен фајл со име „I’m sorry“ (жал ми е). Ако не исплатат откуп за 7 дена, податоците остануват рајно недостапни.

Од отпечатоците кои ги оставаат напаѓачите познато е дека најголем дел од нападите ги прават околу 20-ти во месецот. Иако имаат пристап до податоците, чекаат подолг период пред да ги криптираат. Ова прави да биде потешко да се открие како напаѓачите влегле во системот.

Ова се случи и со компјутерите на градските власти во Атланта. Според официјалните претставници, откупот кој е побаран е 51 000 долари. Најчувствителните системи, на пример службите за итна помош не се зафатени од нападот, но еден голем дел од администрацијата е, вели New York Times.

Ситуацијата беше толку лоша што градските власти мораа да престанат да вработуваат.

Одговорноста за нападот ја презма групата SamSam. Претставник на групата објави дека 50 000 долари ќе бидат поевтино решение од алтернативата. Всушност има две алтернативи. Првата е градот да најде скапи експерти кои ќе се обидат да ги декриптираат податоците, втората и веројатно непосакувана е да се збогуваат со овие податоци.

Се чини дека не стануува збор за наивна група. Пример, SamSam досега успеа два пати да ја пробие заштитата на Системот за транспорт на Колорадо. Првиот пат системот за транспорт успеа да си ги врати податоците без да плати откуп. Вториот пат SamSam нападна со поиздржлив малициозен софтвер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии