Ataribox е ретро конзола за носталгичарите

Image courtesy of Atari

Пред нешто повеќе од еден месец, Atari со кусо видео ја најави својата конзола. Досега немаше премногу податоци, освен супер кусото видео од кое и не може да се дознае премногу.

Нови податоци откриваат малку повеќе за новата конзола. Во електронска пошта до своите фанови компанијата ветува дека новата конзола е наменета и за новите, но и за постарите играчи.

Конзолата ќе доаѓа во две различно дизајнирани варијанти, дрвена и пластична. Двете се со ретро изглед иако дрвената малку повеќе потсетува на постарите конзоли од Atari. Конзолата ќе поддржува SD картичка, а доаѓа и со HDMI-порта и четири USB порти.

За жал најважниот и најинтересниот дел, игрите сè уште се необјавени. нa конзолата ќе може да се играат и модерни игри, но барем засега нема објаснување дали постарите игри ќе бидат реиздадени или можеби ќе бидат рекреирани.

Image courtesy of Atari

Засега нема податоци за цената и датата на излегување, но и за платформата на која ќе доаѓаат игрите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии