AT&T и Националната агенција за безбедност преку осум центри ги прислушуваат сите во САД

AT&T е омилениот партнер за прислушување на Националната агенција за безбедност. Причината за ова не се само корисниците на провајдерот, туку и интерконекциите со останатите провајдери.

„NSA смета дека AT&T е еден од нивните најдоверливи партнери и ја фали компанијата поради екстремната подготвеност за соработка. Оваа колаборација трае неколку декади. Сепак малку е познато дека не застанува на корисниците на AT&T“, вели Intercept.

Соработката одела дотаму што секоја поголема канцеларија на AT&T имала опрема со која испраќала податоци до Националната агенција. Во Атланта, Чикаго, Далас, Лос Анџелес, Њујорк, Сан Франциско и Вашингтон, AT&T имале вакви канцеларии, откри Intercept.

Токму ваквите центри се клучни за шпионирањето на националната агенција и ја креираат главната мрежа за собирање податоци.

Иако размената на податоци помеѓу AT&T и другите мрежи иницијално започнува надвор од контрола на AT&T, изворите велат во податочни центри на трети страни; во сопственост и оперирање на компании како Equinix. Но, потоа овие податоци се рутираат – целосно или делумно – низ осумте центри на AT&T, каде NSA се вклучува. Со следење на податоците од осумте сајтови, агенција не само што може да собере податоци од AT&T, туку и сите податоци кои се разменуваат помеѓу AT&T и другите компании.

Ова е еден од ретките истражувања во кои се зборува за физичка инфраструктура која ја има Националната агенција за безбедност во провајдерите. Истражувањето зборува за стотици центри како овие кои ги пронајде Intercept, што е причина за загриженост за сите во САД кои ја ценат својата приватност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии