Asustek со тужба до IBM

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Тајванскиот произведувач на матични плочи и хардвер Asustek Computer Inc. поднесе тужба до федерален суд во САД во која ги обвинува IBM дека ги нарушиле и направедно искористиле патенти кои ги заштитуваат нивните начини за овозможување интернет простор и метод за работа на веб сервери. Asustek тврди дека IBM ги имаат искористено нивните патенти без претходно одобрување и бара материјална оштета (сумата не беше објавена јавно) како и повлекување на сите тужби против компанијата кои IBM ги достави пред четири месеци до Интернационалната комисија за трговија на САД.

Во тужбите на IBM, компанијата тврди дека тајванскиот Asustek има нарушено три патенти на IBM со импортирање на напојувања за компјутери и автоматска контрола на работа на кулери на територијата на САД. Тужбата се однесува на работата на компанијата Asus Computer International која е во сопствеништво на Asustek.

Очигледно дека Asustek применува стратегија "нападот е најдобра одбрана" но и IBM нема така лесно да попушти бидејќи нивната стратегија вклучува агресивна одбрана на своите инвестиции.

Ниту една од компаниите до моментот на пишување на овој текст не се произнесе со официјален став за ситуацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии