ASUS со нов концепт на матични плочи

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}Тајванската компанија ASUS на претстојниот саем CeBIT во Хановер кој ќе се одржи од 3-8 Март, планира да претстави целосно нов концепт на матична плоча кој ќе биде уникатен на пазарот и ќе овозможи подобро работење на сите компоненти заради посебната конструкција и новата технологија за побрзо ладење. Матичната плоча, наречена Marine Cool, е создадена за високи перформанси и е одличен избор за страсните гејмери.

Плочата која сеуште е само прототип, користи два SO-DIMM мемориски слотови, кои се замена за традиционалните DIMM слотови со што има повеќе простор за други компоненти, иаку SO-DIMM мемориските слотови имаат влијание врз перформансите на РАМ меморијата.

Други детали за плочата сеуште не се познати. До следната недела кога Marine Cool ќе биде изложена на штандот на Asus на CeBIT, еве неколку слики:

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии