Asus претстави куп нови уреди, меѓу нив и хибриден Transformer Book Trio кој работи на Android и Windows 8

Asus ги најави своите нови таблет и лаптоп компјутери на Computex 2013 саемот кој се одржува во Таипеј. Asus Zenbook, Asus Transformer Book Trio, Asus MeMo Pad HD 7 и Asus MeMo FHD 10 се новите уреди кој ќе се приклучат на досегашната линија.

Asus Zenbook Infinity е новиот ултрабук од компанијата чии заштитен знак ќе биде Gorilla Glass 3 заштита на задната страна на екранот со допир, но и околу тастатурата. Надворешноста на Zenbook Infinity ќе од Gorilla Glass и алуминиум, а ќе биде и потенок од својот претходник за 14 отсто. Овој ултрабук ќе биде и еден од првите уреди со новите Haswell процесори на Intel, а се очекува во третиот квартал на 2013 година.

Asus Transformer Book Trio e новиот хибрид лаптоп со дисплеј кој може да го „откачите“ и да го користите како таблет компјутер. Дисплејот е всушност Android таблет компјутер со 2.0GHz Intel Atom Z2580 процесор и резолуција од 1080р. Кога двата дела се вклопени зедно, Transformer Book е Windows 8 лаптоп со четвртата генерација i7-процесор (Haswell). Делот со тастатурата може да се користи и како десктоп компјутер, но ќе мора да се приклучи на надворешен монитор. Докот доаѓа со 750 GB хард-диск, а делот со екранот доаѓа со 64GB SSD. Според најавата батеријата на хибридот ќе трае околу 15 часа. Засега Transformer Book Trio е без цена и дата на излегување.

[youtube]L6WRobXX8fY[/youtube]

MeMo Pad HD 7е новиот кoнкурент на Nexus, на пазарот на 7-инчни таблет компјутери. Овој HD-таблет ќе биде достапен за 129 долари, а ќе биде со ARM Cortex-А7 процесор. Таблетот има предна и задна камера (1,2 и 5 мегапиксели) 8 GB слободен простор. Tаблетот со 16 GB ќе чини 149 долари. За разлика од моменталната верзија на Nexus 7, МеМо ќе доаѓа со microSD слот и microUSB слот.

MеМо FHD 10 е еден од ретките Android таблети кои доаѓаат со Intel Atom процесор. Дисплејот е 1920х1080,а достани ќе бидат конфигурации со 16 и 32 GB RAM. Батеријата на FHD 10, според најавите ќе трае околу десетина часови, а уредот доаѓа со WiFi, GPS и Bluetooth конективност. Засега цената и достапноста на таблетот се непознати.

1 коментар на “Asus претстави куп нови уреди, меѓу нив и хибриден Transformer Book Trio кој работи на Android и Windows 8

  1. Hello There. I found your blog using msn. This is
    a very well written article. I’ll make sure to
    bookmark it and return to read more of your useful info.
    Thanks for the post. I will definitely return.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии