Asus откри дека месечно продава по еден милион Nexus 7 таблет компјутер

Nexus 7, таблет компјутерот на Google, изработен од Asus, се продава во еден милион примероци секој месец.

„На почетокот беше 500.000 парчиња месечно, па потоа можеби 600.000, 700.000. А последниов месец бевме блиску до еден милион.“, откри финансискиот директор на Asus, Дејвид Чанг, за Wall Street Journal.

Oд ова може да се претпостави дека има продадени околу 2-3 милиони Nexus 7 таблет компјутери, што сепак е малку споредено со 14-те милиони iPad-и кои Apple ги продаде во тој период.

Сепак Nexus 7 беше претставен во јули, a сега доби нова подобрена верзија која сигурно ќе ги забрза продажбите. Google се реши да ја изостави 8 GB верзијата, и да започне да продава само модели со 16 и 32 GB простор и 3G поврзување по иста цена од 200 долари. Идејата на Google е да се наметне со ефтин таблет компјутер на пазарот на кој веќе има сериозна конкуренција како Amazon Kindle Fire, Microsoft Surface и Apple iPad Mini.

[youtube]66-4uMQqerA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии