Asus ја претстави ROG MARS 760; вели дека е побрза од Nvidia Titan

MARS 760 е нова дуал-графичка картичка од ASUS ROG-Republic of Gamers серијата, која е всушност две Nvidia GTX 760 графички карти споени во една, што овозможува во два PCI слота при SLI да работат четири графички карти, објаснува ROG.

Спојувањето на две картички од средната класа овозможува резултатот да биде картичка со 2.304 CUDA јадра. Republic of Gamers во соработка со Nvidia повторно ја изработува плочката на која се споени картичките, а конечниот резултат е картичка која е конкурент на Nvidia GeForce GTX Titan, а но за дел од игрите дури и подобра од Titan и GeForce Тi 780. Процесорот на Mars 760 е клокуван на 1 GHz и има „boost“ од 1.072 MHz. Картичката има 2 GB DDR 5 по јадро со ефективна работна фрекфенција од 6 GHz. Картичката покажува 11 отсто подобри резултати од Titan на 3D Мark 11 Extreme тестот; 6 отсто подобри резултати на Bioshock Infinite; и 16 отсто подобри резултати на Crysis 3 и Tomb Raider.

Цената на Mars 760 е сè уште непозната, но според најавите ќе биде пониска од Titan која чини 1.000 долари. Цената на Nvidia GTX 760 е 316 долари. Подетално можете да се запознаете со картичката на Ocaholic.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии