Asus ја претстави новата серија лаптопи на Computex

На конференцијата на Computex Taipei 2017, Asus претстави нова серија на лаптопи. Фокусот на компанијата со оваа серија е во преносливоста, дебелината и тежината на лаптопите.

Компанијата последните неколку години работи на намалувањето на дебелината. Оваа години презентираа и специјално ладење со дебелина од 0.3 милиметри. Ова им овозможи дополнително да ја намалат дебелината на сите лаптопи кои сега се најтенки во соодветните серии.

ZenBook Flip S (UX370)

Лаптопот е во пакување кое е со дебелина од 10.9 mm и е 20% потенок од MacBook. Доаѓа со 13.3 инчен дисплеј со 4К резолуција. Иако не станува збор за хибриден модел, екранот може да се заврти за 360 степени и да се користи како таблет компјутер. Лаптопот е тежок само 1,1 килограм и може да се држи во една рака. Намалувањето на тежината не e на сметка на хардверот или батеријата. ZenBook Flip S има Intel Core i7 процесор и батерија која може да издржи до 11.5 часа помеѓу полнењата. Цената на Flip S e 1.100 долари.

ZenBook 3 Deluxe

ZenBook 3 Deluxe (UX490) е 14-инчен лаптоп, за кој Asus тврди дека е најтенкиот во својата класа. Дебелината на лаптопот е 12.9 милиметри, а има простор за 2 Thunderbolt 3 порти. Хардверот е импресивен, па освен седма генерација на i7-7500U, доаѓа со 16GB LPDDR3 RAM и SSD од 1TB. Цената на уредот започнува од 1.200 долари.

ZenBook Pro (UX550)

Уред кој е наменет за сите корисници. Доаѓа со 15.6-инчен 4К екран и Nvidiа 1050Ti графичка картичка. Со своите 18.9 милиметри дебелина, не е премногу тенок, но има батерија која овозможува 14 часа работа. Лаптопот може да се надгради до 1TB PCIe x4 SSD и 16GB DDR4 RAM.

Asus VivoBook S15

Vivobox е поевтин уред наменет за буџет корисниците. Сепак хардверот кој доаѓа за 500 долари е повеќе од доволен за најголем дел од потребите на корисниците. Доаѓа со 15-инчен екран и Nvidia GTX 940MX графичка картичка. Процесорот може да се надгради до Core i7, а RAM меморијата до 16 GB DDR4.

ASUS VivoBook Pro 15

VivoBook Pro е нешто подобра верзија од основниот S-модел. Доаѓа со 15.6-инчен 4К-дисплеј, GTX 1050 графички процесор, Intel Core i7-7700HQ процесор и 16GB DDR4. Компјутерот доаѓа со хибриден хард-диск 2 TB HDD и 512 GB SSD.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии