Asus го претстави прекрасниот ZenFone 3 Deluxe

Новиот телефон на Asus, ZenFone 3 Deluxe, е можеби eден од најубавите телефони кои ги очекуваме наскоро. Она што го разликува телефонот од сите останати, е што Asus пронајде начин да ги избегне линиите кои се оставаат за антените, креирајќи телефон со минималистички и прекрасен дизајн.

ZenFone 3 е целосно изработен со алуминиум, што дава чувство дека држите ексклузивен, или подобро кажано, deluxe производ. Доаѓа со 5,7 инчен дисплеј, но Ultra верзијата е уште поголема и речиси е таблет со 6,8 инчниот екран. Резолуцијата и на двата телефони е 1080р. Предната страна на уредот е потполно чиста, а и читачот на отпечатоци е „скриен“ на задната страна од уредот. Станува збор за „flagship“ телефони, па користењето на Snapdragon 820 не е изненадување; графичкиот процесор е Adreno 530; и има повеќе уреди во оваа серија, од кои најмоќните доаѓаат со 6 GB RAM. Камерата е 23MP и доаѓа со сензор од Sony. Уште нема податоци за цената и достапноста на телефоните, ниту за верзијата на Android со која ќе доаѓаат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии