Asus го претстави најновиот безжичен рутер со практичен дизајн и модерни можности

Сите имаме рутер, но во случај да ви е здосаден класичниот дизајн и да чувствувате потреба за понапредни можности, најновиот продукт на Asus би можел пријатно да ве изненади.

Првите работи кои ќе ги забележите во ASUS Blue Cave се огромната дупка и плавата изведба во центарот на коцката, како и непостоење надворешна изведба на антените. Тоа е затоа што антените се вметнати во горната внатрешност на рутерот, а матичната плоча, овозможена од технологијата на Intel, се наоѓа на дното.

Огромната дупка, покрај тоа што има за цел да го разбие традиционалниот дизајн со импонирачки впечаток, се стреми и да овозможи простор помеѓу антената и плочата.

Asus претпоставува дека Blue Cave ќе ви дозволи да стримувате видео материјали со 4К резолуција и да споделувате фајлови без какви било лагови. Оние кои пак сакаат автоматизирано управување низ паметниот дом, дефинитивно ќе бидат израдувани и со поддршката за IFTTT (повеќе за начинот на кој се имплементира принципот If This Then That, можете да дознаете со апликацијата If by IFTTT или Workflow).

Што се однесува за безбедноста „плавата пештера“ крие модерни системи за заштита од љубопитните и таквото нешто е оставено на AiProtection – доживотно бесплатно решение од Trend Micro. Исто така, корисниците ќе можат да управуваат со рутерот и преку соодветна апликација за паметните телефони. Слично на Google WiFi, администраторите преку таквата апликација добиваат пристап до статистички податоци како количина на потрошениот интернет, а и ќе можат да поставуваат ограничувања во користење на сообраќајот и контролирање кои апликации можат да пристапат до интернет. Секој пат кога некоја нова направа ќе се приклучи на мрежата или пак кога AiProtection открие обиди за потенцијален хак, ќе добиете благовремено известување преку истата апликација.

Asus Blue Cave сѐ уште не е спремен за масовна дистрибуција, но во моментот кога тоа ќе се случи, цената ќе му биде околу 180 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии