Астронаут преку вселенски интернет контролираше робот на Земјата

Астронаутот Сунита Вијамс од Интернационалната вселенска станица со помош на лаптоп и DTN софтвер контролираше робот во Германија, јавува BBC. Со цел да го намали влијанијето од доцнењето и прекините во пакетите, Европската вселенска агенција (ESA) и NASA експериментираат со новиот протокол  DTN предложен од Винт Церф, еден од „татковците“ на Интернетот.

Disruption Tolerant Networking е протокол кај кој влијанието од доцнењето и прекините е предвидено со оглед на тоа дека е предвиден за комуникација со другите планети во Сончевиот систем. Најголем дел од прекините се поради сончеви бури и кога вселенските возила се наоѓаат зад планетите.  Протоколот е сè уште во експеримантална фаза, иако за прв пат беше тестиран во 2008 година.

Системот се состои од повеќе точки на поврзување во кои во случај на прекин се запишуваат податоците се додека не се овозможи понатамошно испраќање. Во моментов податоците помеѓу Земјата и Роверот на Марс, а се испраќаат од точка до точка (point to point). Поради ова доколку дојде до прекин, мора се де се ре-емитува или податоците ќе бидат загубени.

Идејата е во иднина овој систем да биде заменет и Роверот и сателитите кои се во орбита околу Марс да се третираат како мрежа па и комуникацијата да биде идентична со интернет. Како медиум за трансфер на податоци сеуште ќе се користат радио брановите, но променета ќе биде нивната фреквенција за да се зголеми протокот на податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии