Aston Martin и Faraday Future ќе работат заедно на следниот електричен автомобил

Image courtesy of Aston Martin

Faraday Future и нивниот кинески партнер LeEco ќе добијат неочекувана поддршка од британскиот производител на елитни возила Aston Martin. Компаниите заедно ќе соработуваат на новотo електрично возило на Aston Martin, RapidE. Од Aston Martin не ја исклучуваат можност за соработка со Faraday Future и на други автомобили.

Двете компании се релативно мали во споредба со конкуренцијата која работи на развој електрични автомобили. Nissan, Ford па дури и Tesla имаат далеку поголеми производни капацитети, констатира BBC. Можеби најголемиот проблем на Faraday е недостатокот на возило. Иако компанијата презентираше концепт на CES, барем засега тој автомобил е само концепт.

Сепак, со Aston Martin Faraday има неочекувана поддршка од голем и познат производител кој ќе може да им помогне да го пуштат во продажба својот прв автомобил за брзо време. Според најавите, RapidE ќе биде достапен пред крајот на 2018 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии