Assassin’s Creed Origins ќе добие бесплатно надополнување со новата експанзија

Првата експанзија за Assassin’s Creed Origins се вика The Hidden Ones, а ќе излезе месецов заедно со бесплатно надополнување за сите сопственици на основната игра.

Со бесплатната надградба и во чест на проширувањето The Hidden Ones, играчите ќе добијат нов квест, како и надополнување на листата од работи кои ќе може да ги добиете од Heka ковчезите, односно работи од Nightmare, First Civilization, Gladiator и Wacky пакетите. Дополнително, ќе се создадат нови опции за продавање облека во weaver продавниците.

Од друга страна, платежната експанзија The Hidden Ones, која ја добивате доколку ја имате купено сезонската пропусница, ќе воведе целосно нов регион во и онака преголемата мапа. На новата територија, ќе ја продолжите приказната од Origins, а левелот ќе можете да го зголемите од 40 на 45.

Месецов ќе биде одбележан и со враќањето на настанот Trials of the Gods каде од 9 до 16 јануари ќе можете да му ставите крај на Анубис, а од 23 до 30 јануари повторно ќе се спротивставите на Собек.

За март е планирано второто DLC за играта, насловено The Curse of the Pharaohs.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии