Assassin’s Creed Origins e кракната за PC

По неколку месеци, неуморните кракери конечно успеаја да ја кракнат најновата игра од Assassin’s Creed серијалот. Origins излезе при крајот на октомври, но играта тврдоглаво удираше корпа на сите оние кои се трудеа да ги заобиколат бројните слоеви на заштита.

Причината за ова се должи на озлогласената DRM заштита Denuvo која се покажа исклучително тешка за кракнување, особено во поглед на најновиот хит на Ubisoft. Assassin’s Creed Origins се испорача со Denuvo верзијата 4.9, како и со дополнителен слој заштита, наречен VMProtect. Ваквото нешто, се веруваше, допринесуваше и до поголема искористеност на процесорот иако од Ubisoft јасно и гласно ги негираа обвинувањата.

За кракнување на Assassin’s Creed Origins е заслужна италијанската група за кракирање CPY. За време на викендот, нивни членови открија дека ја кракнале играта и го овозможиле кракот за сите кои се етички оперирани или пак едноставно немаат пари, а со тоа ни друг избор за играње на играта. Одредени корисници пријавија одредени проблеми со кракот, но според некои други, тоа би можело да се должи на некомпатибилен хардвер или слични фактори.

Во моментот кога ќе се ослободи крак за игра, одредени издавачи ја отстрануваат заштитата Denuvo од играта. Останува да се види дали Ubisoft ќе го направи истото и како тоа би можело да ги подобри перформансите за легалните гејмери.

Текстот е од информативен карактер и никако не охрабрува пиратерија. Купувајте легални игри.

1 коментар на “Assassin’s Creed Origins e кракната за PC

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии